Брендот за „Фолксфаген“, комерцијални возила, ја одликуваше компанијата „Порше Македонија“ со престижното признание „Импортер на годината за 2012“. На конференцијата во Будимпешта, која се одржа од 28 до 31октомври, групацијата „Фолксфаген“ ги додели наградите за најдобрите импортери на комерцијални возила во Европа според нивниот пазарен удел, а „Порше Македонија“ ја доби наградата за најдобар увозник во категоријата на помали импортери. Како што се наведува во признанието, оваа врвна награда е резултат на големиот успех на „Порше Македонија“ во сите продажни категории во 2012 година, вклучувајќи го одличниот удел на пазарот, прецизното планирање и извонредниот квалитет на резервите, но и на присуството на различните обуки, со цел подобрување на ефикасноста во продажбата.
Брендот за „Фолксфаген“, комерцијални возила, ја одликуваше компанијата „Порше Македонија“ со престижното признание „Импортер на годината за 2012“.
На конференцијата во Будимпешта, која се одржа од 28 до 31октомври, групацијата „Фолксфаген“ ги додели наградите за најдобрите импортери на комерцијални возила во Европа според нивниот пазарен удел, а „Порше Македонија“ ја доби наградата за најдобар увозник во категоријата на помали импортери.
Како што се наведува во признанието, оваа врвна награда е резултат на големиот успех на „Порше Македонија“ во сите продажни категории во 2012 година, вклучувајќи го одличниот удел на пазарот, прецизното планирање и извонредниот квалитет на резервите, но и на присуството на различните обуки, со цел подобрување на ефикасноста во продажбата.
„Оваа награда е потврда за посветеноста и квалитетното работење на нашиот локален тим од ’Фолксфаген‘, комерцијални возила, но и на сите други вработени во нашата компанија. Секогаш се трудиме да понудиме различни решенија за мобилност, во комбинација со најмодерната технологија, за да одговориме на секојдневните бизнис- потреби, но и за слободните и рекреативни активности на нашите клиенти. Заложбата за постојано обезбедување модели кои се уште поатрактивни и поекономични за купувачите, но и нашата постојана грижа и одлична комуникација со клиентите е она по што се разликуваме. Верувам дека нашиот пазар има уште поголем потенцијал за раст и дека сме во можност уште повеќе да ги зголемиме испораките на македонскиот пазар, што е и наша цел за 2013 година“, изјави Златко Муцунски, главен извршен директор на „Порше Македонија“.